Свет 26. февруари 2021. / 08:14

Хакирана лабораторијата на Оксфорд кадешто се истражува коронавирусот

Хакирана лабораторијата на Оксфорд кадешто се истражува коронавирусот

Кибер банда извршила хакерски напад врз биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, каде се истражува Ковид-19, соопшти денеска британскиот весник „Телеграф“.

Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Страби“, каде се истражува Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.

Универзитетот во Оксфорд веднаш не даде одговор на барањето за коментар, но за „Телеграф“ потврди дека одделот „Страби“ бил цел на хакерски напад.

-Го идентификувавме и ограничивме проблемот и сега истражуваме натаму, го цитира весникот портпаролот на Оксфорд.