Свет 05. декември 2019. / 22:45

Хајди Грау специјален претставник на ОБСЕ во Украина

Хајди Грау специјален претставник на ОБСЕ во Украина

Претседавачот со ОБСЕ и словачки министер за надворешни и европски работи, Мирослав Лајчак, најави именување на амбасадорката од Швајцарија, Хајди Грау за специјален претставник на претседавачот со ОБСЕ во Украина и во Трилатералната контакт група.

Амбасадорката Грау ќе го наследи амбасадорот Мартин Сајдик, на кого Лајчак му се заблагодари за пожртвуваната посветеност и важната ангажираност, кои ги давал од себе, како и конкретните достигнувања во имплементирањето на договорот од Минск, соопшти Канцеларијата за медиуми на ОБСЕ.

Имајќи предвид дека главни приоритети на словачкото претседавање се поддршка на политичкиот процес и унапредување на изградбата на хуманитарна доверба во подрачјата зафатени од конфликти, Лајчак нагласи дека Словачка ќе продолжи да ја поддржува улогата на специјалниот претставник и во следните недели од своето претседавање во 2019 година, но и потоа како член на тројката на ОБСЕ.