Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, изјави дека нема да почитува ниту една од наредбите на претседателот Доналд Трамп, ако таа се однесува на повторно отворање на државата на начин што не е безбеден за здравјето на луѓето за време на епидемијата на корона вирусот.
– Ако тој нареди да ја отворам државата на начин што може да го загрози јавното здравје на луѓето во државата, јас нема да го сторам тоа – изјави Куомо за „Си-Ен-Ен“.
Трамп вчера рече дека претседателот на САД има апсолутно овластување кога е во прашање одговорот на пандемијата и оти гувернерите на сојузните држави не се прашуваат за тоа.
– Овластувањата на претседателот по тоа прашање е апсолутно и така мора да биде. Тие гувернери го знаат тоа. Има неколкумина од тие демократски гувернери кои не се согласуваат со тоа, но ќе се согласат – изјави Трамп.
„Си Ен Ен“ веднаш објави дека согласно Уставот, претседателот нема апсолутни овластувања и оти за тоа прашање одлучува федералната власт. За сите други одлуки, кои не се поврзани за федералната власт одлучуваат државите, објави „Си Ен Ен“, заклучувајќи дека Трамп лажел.
САД се најтешко погодена земја во светот од пандемијата на корона вирусот со 587.173 заболени и 23.644 смртни случаи, а најтешка е ситуацијата е токму во Њујорк.