Свет 18. април 2020. / 18:30

Гувернерот на Њујорк бара федерална помош за повеќе тестирања, администрацијата на Трамп не дава средства

Гувернерот на Њујорк бара федерална помош за повеќе тестирања, администрацијата на Трамп не дава средства

Гувернерот на американската држава Њујорк, Ендру Куомо изјави дека на сојузната држава Њујорк и е потребна помош од федералната Влада за да ги прошири тестирањата и да ја отвори економијата на државата.

Притоа, тој ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека не успеала да ги обезбеди средствата што се потребни.

Дали има средства за мене да го сторам она што сакате ние да го направиме? Не, нема, рече Кумо на прес-конференција за состојбата со коронавирусот.

Куомо го изјави ова откако Трамп ги претстави фазите на постепено рестартирање на американската економија погодена од епидемијата и рестриктивните мерки.

Кумо додаде дека по донесените три нацрт-закони за справување со кризата, државните власти не добиле апсолутно никакви средства. Тој порача дека би било соодветно Трамп да посвети исто толку внимание на државите колку што прави на големиот бизнис и на големите авиокомпании.

Според Куомо, на Њујорк, каде што е епицентарот на кризата во САД, му се потребни федерални средства за значително да се зајакнат тестирањата и да се пополни буџетот со потребните 10-15 милиони долари.

Гувернерот објави дека вкупно 17.316 лица со Ковид-19 се хоспитализирани во Њујорк, што е помалку од претходниот ден, кога биле 17.735, а тоа е и најмал број од 15 април.

Исто така се намалени и пациентите што лежат на интензивна нега. Во текот на вчерашниот дена, околу 2.000 новозаразени биле примени во болница. Има нови 630 смртни случаи во државата, што претставува зголемување за 606 во однос на претходниот ден.