Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш одлучи да го испрати дипломатот Жан Арно за личен пратеник во Боливија, во обид да ги поддржи напорите за изнаоѓање морно решение за политичката криза во земјата.
Арно досега бил специјален претставник на ОН во Колумбија, Грузија, Авганистан , Буринди и Гватемала.
По добивањето на задачата, Дижарик изјави дека Гутереш останува длабоко загрижен заради случувањата во Боливија и дека го повторува апелот до сите Боливијци да се воздржат од насилство и да покажат крајна воздржаност.
Портпаролот на ОН наведе дека пред именувањето на Арно биле одржани бројни консултации со различни страни.