Свет 22. ноември 2018. / 18:10

Гугл со посебни правила за европските избори

Гугл со посебни правила за европските избори

Американскиот интернер гигант Гугл денес соопшти дека ќе ги заостри условите за огласување во Европската унија во рамки на настојувањето на спречување на ширење на дезинформации, а со цел да се зголеми транспарентноста пред изборите за Европскиот парламент во мај идната година.

Како што наближуваат европските избори, американските технолошки компании се под се поголем притисок да направат што е можно повеќе и подобро да се спротивстават на надворешните кампањи за влијание.

Гугл ќе бара за секја политичка реклама да биде наведено кој ја плаќа истата, а ќе го засили и процесот на проверка на идентитетот на купувачот на рекламата.

Ќе биде објавен и извештај за транспарентноста на рекламите за изборите во ЕУ, а ќе има и регистар на политички реклами каде секој ќе може детално да се информира за нарачателот на рекламата, нивната целна публика и како парите ќе бидат потрошени.

Ова проширување на системот, Гугл го воведе годинава за американските политички огласи. Фејсбук воведе сличен систен за САД, Бразил и Велика Британија претходно оваа година.

-Како и другите, сериозно размислуваме за изборите и како ќе продолжиме да ги поддржуваме демократските процеси ширум светот, вклучително и со воведување на поголема транспарентност во политичкото он-лајн рекламирање. -напиша на својот блог директорката на Гугл за односи со јавноста и со владата во ЕУ, Ли Џинијус.