Гугл најви иницијатива за зајакнување на квалитетите на дигиталниот журнализам и борба против пролиферацијата на ,,лажни вести,, и дезинформации, објавија повеќе медиуми од светот.
Гугл њуз иницијативата (Google News Initiative) е нов напор да им се помогне на организациите да се адаптираат на промените на дигиталното објавување и да ,,изградат,, поцврста иднина за вестите. Иницијативата е лансирана во партнерство со половина дузина организации вклучувајќи ги Ганет, Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост и Фајненшл Тајмс. Иницијативата вклучува лепеза на алатки и позадински сервиси фокусирани на засилување на журналистичките организации и зголемување на заработката на издавачите од дигиталнито објавување.
Некои карактеристики ќе бидат насочени кон олеснување на привлекување на претплатници, како што е Сабскрајб гугл (Subcscribe Google), кои на читателите им овозможува да ги хармонизираат и консолидираат нивните претплатници – читатели со Гугл лог податоците. Гугл ќе го аплицира и софтверот за Дабл клиk (Double click platform) за да овозможи подобрра услуга на издавачите со снабдување на информации за однесувањето на нивните корисници, додека Њуз консјумер инсјатс (News Consumer Insighnts) дешбордот ќе ги поврзува со Гугл аналитика за издавачи.