Свет 22. ноември 2018. / 11:40

Гугл доби црвен картон во Франција

Гугл доби црвен картон во Франција

Националното собрание на Франција по препорака на воените власти одлучи да му каже збогум на пребарувачот Google во рамките на нивните компјутерски системи. На место Google, француските инститции во иднина ќе го користат Qwant, пребарувач, кој е произведен од страна на француски и германски програмери и кој според француските власти е побезбеден од глобално популарниот пребарувач.

Изборот, очигледно падна на Qwant бидејќи тој им гарантира на своите корисници (за разлика од Google) поголема заштита на приватноста и личните податоци. Qwant тврди дека не чува податоци и информации за активноста на корисникот, а исто така не поддржува ад хок рекламирање. Француските власти велат дека во никој случај не сакаат да станат роб на американски или кинески компјутерски гиганти и затоа работата на алтернатива на главни услуги на мрежата.