На воздухопловните компании Ер Франс и КЛМ им е потребна поддршка и од француската и од холандската влада за да се справат со кризата предизвикана од корона вирусот што драстично ја намали побарувачката за патувања низ целиот свет и да ги продолжи своите активности откако ќе заврши пандемијата, соопштуваат од групацијата во четвртокот.
-Сега е појасно од кога и да било дека е потребна поддршка од двете влади, холандската и француската, за да ги исполнат нашите барања за средства кои ќе ни овозможат да ги продолжиме нашите операции откако ќе заврши кризата, рече Главниот извршен директор на Ер Франс-КЛМ, Бенџамин Смит, додавајќи дека пандемијата на корона вирусот „предизвикува голема неизвесност во врска со перспективите на воздушниот транспорт“.