Свет 24. јули 2019. / 19:48

Група на демонстранти се обидоа да го блокираат возилото на Џонсон

Група на демонстранти се обидоа да го блокираат возилото на Џонсон

Група на демонстранти кои од Влада на Британија бараат прогласување на вонредна климатска состојба, го блокираа возилото на новиот премиер Борис Џонсон.

На неговиот пат кон Бакингемската палата, каде требаше да се сретне со кралицата Елизабета втора, од која и официјално треба да биде назначен за нов премиер на државата.

Обидот на демонстрантите да го спречат Џонсон во неговата намера беше неуспешен, заради брзата интервенција на полицијата.

Новиот британски премиер доаѓа на функцијата по оставката на Тереза Меј минатиот месец.