Една од најпрестижните болници во Јапонија упатила извинување поради тоа што 40 лекари, кои стажираат во неа, биле заедно на прослава, по што 18 од нив биле позитивни на тестот за корона вирус.
Како што пренесува„Ројтерс“, универзитетската болница „Кеио“ потврдила дека еден лекар бил позитивен на корона вирусот во текот на минатата недела, а меѓу 99. лекари кои подоцна биле тестирани, вирусот бил потврден кај 18 од нив.
Од болницата потврдиле дека 40 лекари приправници биле заедно на прослава после работа и дека притоа се заразиле 14 од нив.
Меѓу заразените 18 имало и такви што не присуствувале на забавата, соопштиле од болницата.
Директорот на болницата Јуко Китагва ова го нарекол „непростлива грешка“.
Од болницата соопштиле дека забавата била организирана на 26 март, денот откако градоначалничката на Токио, Јурико Коике ги повикала граѓаните да останат дома за време на викендот и да се воздржаат од собирања.
Во Јапонија денеска стапи на сила вондредна состојба.