Свет 10. август 2019. / 17:35

Гром удри во фидбалери за време на тренинг – 15 повредени

Гром удри во фидбалери за време на тренинг – 15 повредени

Гром удри додека фудбалери тренираа во вчера вечерта во близина на спортскиот центар Розенфелд – Хајлнгенцимер во Германија, изјави портпаролот на полицијата, а пренесоа тамошните медиуми.

Силното невреме пропратено со торнадо го погоди Луксембург, делови од Холандија и Германија, каде во покраината Баден – Витербург од ударот на гром се повредени 15 фудбалери.

Фудбалерите, кои се на возраст од 19 до 48 години, се здобија со лесни повреди, а еден играч за момент бил во бесознание. Сите веднаш биле префрлени во најблиската болница.