Свет 28. август 2020. / 17:29

Гром уби десет момчиња на возраст од 11 до 16 години

Гром уби десет момчиња на возраст од 11 до 16 години

Гром уби десет момчиња на возраст од 11 до 16 години, кои се засолниле од невремето под импровизирано засолниште во градот Аруа, северозападно од Кампала, соопшти денеска полицијата.

„Момчињата играа фудбал кога започна невремето и грмотевиците“, изјави портпаролката на полицијата.

Семејствата ги земаат телата од мртовечницата и ги подготвуваат за погреби, додаде таа.