Свет 22. септември 2018. / 16:09

Граѓаните под стрес: Новата бура во Велика Британија, посилна од претходната (ВИДЕО)

Граѓаните под стрес: Новата бура во Велика Британија, посилна од претходната (ВИДЕО)

Нова бура „Бронаг“ ја погоди Велика Британија, а се смета дека е посилна од претходната, наречена „Али“.

Синоќа силните ветрови и големото количество на дожд направија хаос.

„Бронаг“ предизвика и прекини во снабдувањето со електрична енергија, поради што 15 илјади
домаќинстава останаа без струја повеќе од 24 часа. Сообраќајот се движи успорено, а на места е и во
прекин поради силните струења на водата, кои носат и автомобили.

Властите стравуваат дека бурата може да предизвика повеќе штета од „Али“. Според најавите на
меторолозите, денеска треба да биде мирен ден, но утре повторно се очекуваат силни ветрови и обилни
врнежи.