Свет 09. јули 2020. / 13:48

Градоначалникот на Сеул е пријавен за исчезнат – полицијата интензивно трага по него

Градоначалникот на Сеул е пријавен за исчезнат – полицијата интензивно трага по него

Градоначалникот на Сеул, Парк вон-Сун е пријавен за исчезнат, а полицијата интензивно трага по него.

Ќерката на Парк го пријавила за исчезнат.

Полицијата на Сеул трага по Парк во населбата Сунгбук каде е последен пат лоциран неговиот телефон.

Од кабинетот на Парк соопштија дека тој не се појавил на работа од непознати причини и ги откажал сите обврски за денеска.