Свет 07. мај 2020. / 13:08

Градоначалникот на Москва: Реалната бројка на заразени во градот изнесува 300 илјади

Градоначалникот на Москва: Реалната бројка на заразени во градот изнесува 300 илјади

Москва има околу 300.000 случаи на корона вирус иако бројот на регистрирани е три пати помал, изјави денеска градоначалникот Сергеј Собијан за локалните медиуми. Тој додаде дека проценките сугерираат дека меѓу 2 до 2,5% од населението во градот е заразено со вирус.

Собијан додаде дека голем број регистрирани случаи во Москва е добра работа, бидејќи покажува дека се вршат многу тестирања. Тој додаде дека бројот на хоспитализации не се зголемил во текот на изминатите две недели, и покрај зголемувањето на тестирањата.

-Покрај ова, повеќе луѓе се ослободени од болниците отколку што се хоспитализирани со корона вирус, рече градоначалникот.

Досега, во Москва се регистрирани 92.676 случаи на Ковид-19 од почетокот на заразата во Русија. Претходно денеска, здравствените власти објавија дека регистрирале најголемо дневно зголемување на нови случаи на корона вирус во Русија уште од појавувањето на пандемијата.