Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, предупреди дека светот се движи кон опасна ера на милитаризирана политика и ги повика Москва и Вашингтон итно да разговараат за контрола на нуклеарното оружје.
– Постојат опасни трендови – сите се на видик. Јас би издвоил два. Тоа се непочитување на меѓународното право и милитраризацијата на светската политика – изјави Горбачов за рускиот весник „Известија“.
Горбачов оцени дека откако САД и Русија се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел, потпишан во 1987 година, итноста за преговори меѓу Москва и Вашингтон е уште поголема.
– Се покажа дека тој договор беше најважниот столб на стратешката стабилност. Потребни ни се разговори, со цел неговото пропаѓање да не ја зголеми заканата од војна – потенцира Горбачов.