Кинескиот претседател Си Џи Пинг лично побарал од директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус да го „одложи глобалното предупредување“ за заканата од корона вирус, се тврди во екслузивниот нов текст на германскиот Шпигел кој се повикува на нивната Сојузна разузнавачка служба (БНД), а пренесува Индекс.хр.
Според сознанијата на БНД, кинескиот комунистички лидер на 21 јануари побарал од Тедрос да не ја објавува информацијата за пренесувањето на корона вирусот СРАС-КоВ2 од човек на човек и да го одложи предупредувањето за пандемијата.
– БНД проценува дека заради кинеските информациски политики изгубени се четири до шест недели во борбата против корона вирусот шитум светот, заклучува германската разузнавачка служба.
СЗО ги демантира обвинувањата: Тедрос не разговарал со Џи Пинг на 21 јануари
СЗО за време на викендот, по откритието на Шпигел, службено ги демантираше заклучоците на БНД, тврдејќи дека „извештаите на Шпигел за телефонскиот разговор помеѓу генералниот директор на СЗО и претседателот на Кина се нетемелни и невистинити.
– Д-р Тедрос и претседателот Си не разговарале на 21 јануари и никогаш не разговарале телефонски… Кина го потврди преносот на корона вирусот од човек на човек на 20 јануари, додава СЗО во својот демант.
Водечкиот кинески епидемиолог, Жонг Наншан, навистина на 20 јануари беше првиот задолжен кој јавно призна дека корона вирусот се пренесува од човек на човек – иако, како што во меѓувреме откри Асошиејтед прес, кинескиот режим барем шест дена претходно знаел дека вирусот така се пренесува, што потврдуваат интерни документи до кои АП дојде.
СЗО 14 јануари: Нема докази за пренесување на новиот вирус од човек на човек
Кинеските власти воведоа карантин во Вухан дури на 23 јануари. Од почетокот на јануари до тој датум неколку милиони луѓе прошле низ градот или го напуштиле Вухан. Уште повеќе што, СЗО на 14 јануари на Твитер објави како „првичната истрага која ја спроведоа кинеските власти не пронашла никакви јасни докази за пренесување на новиот котона вирус идентификуван во Вухан, во Кина, од човек на човек“.
СЗО без критика го пренесе кинеското тврдење и покрај раните предупредувања на тајванските здравствени власти изнесени на крајот од декември, дека од своите лекари кои работат во Кина добиле дојава како кинеските лекари се разболувале од мистериозно воспаление на белите дробови, што било јасен доказ за пренос на корона вирусот од човек на човек. СЗО дури на 22 јануари соопшти како постојат докази за пренос од човек на човек, но дека дополнителна истрага е потребна.
Тајван го предупредил СЗО во декември, без одговор
Иако Тајван имаше можеби најуспешен одговор на корона вирусот во светот, со само 440 заразени и 7 починати, оваа меѓународно непризнаена држава не е членка на СЗО поради противењето на Кина која ја смета за своја одметната провинција на која положува право. Покренувањето на СЗО во Кина го илустрираше и случајот на интервју со високиот советник на СЗО, канадскиот епидемиолог Брус Ајлвардом. Тој, на прашање на тајванска новинарка за одговорот на Тајван на пандемијата, прво се правеше дека не го чул прашањето, а потоа очигледно го прекина разговорот, за во продолжение да рече дека „веќе разговарал во Кина“.
Исто така, Тедрос при посетата на Пекинг и средбата со Џи Пинг на 28 јануари ја пофали Кина како пример како се носи со пандемијата, и покрај оправданите сомнежи дека кинескиот режим ја заташкува епидемијата, намалувајќи ја глобалната опасност од новиот корона вирус и пријави само дел од вкупниот број заразени и починати во Кина. СЗО не изнесе критики на сметка на Кина заради тоа, како ни заради заќутувањето и апсењето на лекарите кои предупредуваа на новиот корона вирус.
Овие и други проблематични примери на пристрасноста на СЗО го поттикнаа американскиот претседател Доналд Трамп да го укине финансирањето на оваа организација на ОН која тој и неговата администрација ја нарекоа „Кина-центрична“ и алатка за кинеска пропаганда.