Според Рахман, Москва, иако е најголем сојузник на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад, не го мобилизирала своето воено воздухопловство за да им помогне на сириските војници.
Најмалку 45 војници на сириската армија биле ликвидирани на истокот на Сирија од страна на џихадистите на Исламската држава во борбите кои што се уште се во тек, објавија во вторникот од Сириската опсерваторија за човекови права.
Џихадистите на Исламската држава во неделата организирале голема офанзива на неколку села кои што биле под контрола на сириската армија и сојузниците во долината на Еуфрат.
Во налетот, џихадистите успеале да заземат четири локалитети кои што се наоѓаат на автопатот кој што ги поврзува Деир Ез Зор и Букамал во близина на ирачката граница, пренесуваат од Сириската опсерваторија. Тие локалитети се наоѓале во близина на градот Хаџин кој што бил под контрола на ИСИС.
Најмалку 26 борци на Исламската држава биле убиени од неделата досега, открива директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.
Според него, Москва иако е најголем сојузник на сирискиот претседател Башар Ал Асад, сепак не реагирала и не им помогнала на сириските војници кои што се бранеле од големите напади на Исламската држава.