Најмалку 25 централноамерикански мигранти загинаа, а околу 20 се повредени во Мексико во четвртокот кога камионот кој ги пренесувал излетал од улица, јавуваат локалните медиуми.
Возилото излета од улицата помеѓу градовите Сојале и Чикоасена во јужниот дел на сојузната држава Чиапас, а која граничи со Гватамела, пренесува телевизијата Телевиса.
25 загинати, а 29 повредени
Главниот обвинител на таа сојузна држава рекол дека најмалку 25 луѓе загинаа и 29 биле повредени во несреќата, јавува каналот Телемундо.
Каналот ги цитираше властите кои наведуваа дека жртвите патувале во бел камион кој тежел околу три тони и немал регистарски таблички.
Мигрантите кои низ Мексико патуваат кон САД често го заобиколуваат пешачењето и стопираат возила како камиони за превоз.