Свет 24. јуни 2018. / 12:01

Голема експлозија во зграда во Германија – 25 лица повредени (ВИДЕО)

Голема експлозија во зграда во Германија – 25 лица повредени (ВИДЕО)

Најмалку дваесет и пет лица се повредени во експлозија во станбена зграда, минатата ноќ, во западниот германски град Вупертал, објавија германските медиуми.

Петмина од повредените се во тешка здравствена состојба, соопшти локалната полиција. Многу спасувачи работат на теренот, а не е исклучено дека има повеќе луѓе во зградата.

Неколку луѓе успеаа да излезат од зградата веднаш по експлозијата, но други беа заглавени и мораа да побараат помош од пожарникарите.

Рамките од локацијата покажуваат многу остатоци на улица пред зградата.

Досега, не е јасно што е причината за експлозијата.