Во Честерската зоолошка градина во северозападна Англија, во тек е евакуација откако избил поголем пожар.
Посетителите се сомневаат дека сите животни ќе бидат спасени на време.
Црниот облак се надвил над домот на 21.000 животни, а на Твитер посетителите тврдат дека пожарот се влошува и голта се пред себе, избивајќи на повеќе места околу градината.
-Со брзината со која пламенот расте, би се зачудил ако преживеат сите животни, напишал еден од посетителите.
Посетителите и животните се гушат, додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.