Свет 17. септември 2019. / 18:59

Голем пожар во центар за истражување на вируси

Голем пожар во центар за истражување на вируси

Во еден од најголемите светски центри за истражување на вирусите во Сибир избил пожар откако се случила експлозија. Огнот набрзо бил изгаснат по интервенцијата на 38 пожарникари кои пристигнале со 13 противпожарни возила.

Според „Раша тудеј“, центарот лоциран во Колтсово, оддалечен неколку километри од Новосибирск е познат по тоа што во него се чуваат примероци на ебола, ХИВ, антракс и други вируси.По експлозијата огнот го зафатил рускиот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија познат како „Вектор институт“.Лабораторијата е позната по тоа што развива вакцини против ебола и хепатитис, како и по проучување на епидемии и општи проблеми на имунологијата.