Банката Голдман Сакс за првпат падна под првите три места на најголемите трговци со ресурси. Според листата која ја изработува организацијата Коалишн Девелопмент, Голдман Сакс е зад Џеј Пи Морган Чејс, Морган Стенл и Ситигруп, на четврто место, пренесе МИА.
Голдман Сакс долго доминира на американскиот пазар. сепак после неуспешната година, повеќе високи функционери го напуштија одделението за трговија со ресурси на Голдман Сакс.
Главните причини за падот на гигантската банка се нејзините сериозни загуби во трговијата со
природен гас и електрична енергија, кои доведоа до еден од најлошите годишни биланси во историјата на оваа компанија.