Свет 17. декември 2019. / 15:05

„Голдман сакс“ ќе вложи 750 милијарди долари во борба со климатските промени

„Голдман сакс“ ќе вложи 750 милијарди долари во борба со климатските промени

Американската инвестициска банка „Голдман сакс“ соопшти дека планира да вложи 750 милијарди долари како помош во борбата со климатските промени.

Банката нагласува дека тој износ е нејзина „цел до 2030“ година и ќе биде насочен во финансирање, вложување и советодавни активности поврзани со девет подрачја по прашањето за климатска транзиција и инклузивен раст за сиромашните луѓе.

Тие активности вклучуваат и финансирање чиста енергија, образование и производство на храна.

– Не постои само итна потреба за акција, туку и силна бизнис причина тоа да се направи. Насоченоста кон тие специфични цели ни дава низа мерливи податоци како што е количина на намалено загадување и број на услужени луѓе – изјави Давид Соломон, извршен директор на „Голдман сакс“.

Соломон доаде дека финансиските институции мора да поддржуваат иницијативи на промени и дека компаниите веќе не можат да ги третираат климатските иницијативи како „периферно прашање“.