Полицијата во Масачусетс утврдила дека лешовите на три жени, кои со пронајдени во домот на осомничениот сериски убиец Стјуарт Велдон, се тела на девојки кои неодамна биле пријавени за исчезнати.
Телата на 33 годишната Америка Линден, 47 годишната Ернестин Рајанс и 26 годишната Кајли Ескаланте полицијата ги пронашла минатата среда во „куќата на хоророт“.
Надлежните тек треба да утврдат како тие починале, но нагласуваат дека досега таков случај немале.
Телата се пронајдени откако мајката на Велдон повикала полиција затоа што кај синот во куќата осетила чуден мирис. Тој тогаш не бил во домот, затоа што неколку дена порано дошол во судир со полицијата. Го застанале поради скршено светло, а тој тргнал да бега и направил судар. Со него во автомобилот била 25 годишна девојка, која на полицијата веднаш и раскажала дека Велдон ја држел како сексуална робинка и дека и го спасиле животот.
Таа била одведена во болница каде утврдиле дека таа има тешки повреди на стомакот настанати од нож, како и дека Велдон ја тепал со чекан.
Во куќата каде што се пронајдени телата имало и дете, но не е познато во каков однос е тој со Велдон.
Велдон има криминално минато и во два наврати бил во затвор поради кражби.
Неговата тетка Хана Велдон за медиумите изјавила дека верува дека во него нешто „пукнало“.
-Кога видов што и се случило на една девојка, реков дека тоа момче е болно, стварно е. Бар и даваше вода да се хидрира, вели таа.