Свет 10. јули 2018. / 20:46

Глобално затоплување – за половина час се стопија десет милијарди тони мраз (ВИДЕО)

Глобално затоплување – за половина час се стопија десет милијарди тони мраз (ВИДЕО)

За само 30 минути огромни санти мраз се стопија во морето и речиси ништо не остана од глечерот Хелхаим на Гренланд.

Огромна санта мраз кон крајот на минатиот месец падна во океанот. Сантата била долга 6 километри и тешка 10 милијарди тони. Мразот со големина на Менхетн се кршел половина час , и тоа прво помалите делови , а потоа и главниот , кој со подигнување на водата , се урна во океанот.

Иако изгледа застрашувачки , сепак ова се само три проценти од вкупното количество мраз што Гренланд го губи секоја година.

Видеото го забележа Денис Холанд од американскиот Центар за следење на промените на нивоата на морињата.