Свет 28. октомври 2019. / 15:41

Главниот град на Колумбија првпат во историјата ќе има жена градоначалник

Главниот град на Колумбија првпат во историјата ќе има жена градоначалник

Политичарката од левиот центар во Колумбија, Клаудија Лопез, стан првиот женски градоначалник на колумбиската престолнина Богота. Лопез, геј политичарка, која се претставува како некој што не може да биде корумпиран, освои 35,2 отсто од гласовите.

Функцијата градоначланик на Богота, се смета за втора најважна функција во Колумбија, по претседателот на државата. Веднаш по прогласувањето на резултатите, 49-годишната Лопез им се заблагодари на граѓаните со порака дека сите заедно испишале историја.

Поранешната новинарка, која беше кандидатка на партијата Зелен сојуз, го победи противкандидатот, Фернандо Галан, кој освои 32,5 отсто од гласовите.