Свет 16. јуни 2020. / 12:28

„Гласот на Америка“ со нов директор

„Гласот на Америка“ со нов директор

Директорката Аманда Бенет и нејзината заменичка Сандра Сугавара ги напуштија водечките позиции во „Гласот на Америка“. Нов директор ќе биде режисерот и конзервативец Мајкл Пак, кој важи како близок до советниците на американскиот претседател Доналд Трамп.

Кандидатурата на Пак е веќе одобрена од Сенатот. Се смета дека тој е близок до советникот на Трамп, Стив Бенон.

Досегашната директорска двојка Бенет и Сугавара изјавија дека новиот раководител има право да избере со кого ќе работи.

Медиумската група е формирана од американската влада и во неа влегуваат Радио Слободна Европа, Радио Слобода и Радио Слободна Азија.