Свет 22. август 2018. / 20:38

Ги препознале силувачите кои почнале да бегаат за да не бидат линчувани

Ги препознале силувачите кои почнале да бегаат за да не бидат линчувани

Припадниците на таканаречената група ,,Волчјa глутница “  биле на градскиот базен во Севиља кога дел од капачите ги препознале како силувачи , кои лани нападнаа 18 годишна девојка и со денови се изживуваа врз неа. Потоа беа ослободени , зашто судот решил дека таа не претрпела силување од групата , туку само напад . Наместо девет години , беа осудени на неколку месеци условно.

Но , токму тоа беше причината за лошата кампања против фестивалот во Памплона , кога девојките беа опоменувани воопшто да не доаѓаат . Таквата реклама го наруши угледот на фестивалот , па градските власти годинава ги молеа жените и девојките да дојдат во Памплона.

На базенот , петтемина силувачи едвај спасиле жива глава. Налутените капачи почнале да викаат по нив, по што морале да избегаат. Градоначалничката на Севиља Хуана Кабаљеро изјави дека нема да дозволи спортскиот центар да стане засолниште за силувачи и криминалци. Таа им порача на припадниците на злогласната група  во иднина да не ги користат јавните објекти во градот.

Групата го добила името ,,Волчја глутница “ според апликација на социјалните мрежи , каде се фалеле со своите ,,подвизи” и објавувале видеа и фотографии од силуваната девојка.

Сепак не беа осудени за силување , зашто според судијата и шпанските закони , тоа подразбирало поголем степен на насилство. Не помогнаа ниту бројните протести и јавни собири со осуда за силувачите.