Свет 29. април 2020. / 12:13

Германското МНР предлага да се продолжи препораката да не се патува во странство

Германското МНР предлага да се продолжи препораката да не се патува во странство

Германската Влада има намера да продолжи да ја продолжи препораката да не се патува во странство до средина на јуни.

Предлогот доаѓа од германското министерство за надворешни работи, а за него треба да одлучи Владата.

Пред тој датум треба да се анализира ситуацијата, а во тој поглед Германија, пред се, треба да се координира и со соседите од ЕУ.

Во предлогот останува отворено прашањето дали ќе бидат возможни патувањата за летниот распуст, што во некои покраини почнуваат кон крајот на јуни.

Предупредувањето се однесува на тоа дека патувањата во странство во наредните недели нема да бидат возможни.