Свет 06. ноември 2018. / 17:16

Германските Евреи бараат на мигрантите муслимани да им се држат предавања за антисемитизам

Германските Евреи бараат на мигрантите муслимани да им се држат предавања за антисемитизам

Најголемата германска еврејска организација, Централниот совет на германските Евреи, предложи специјални предавања за муслиманските доселеници за да се сопре ширењето на антисемитизмот, пренесува Би-би-си.

Потпретседателот на организацијата Абрахам Лерер изјави дека многу емигранти доаѓаат од земји во кои антисемитизмот не само што е дел од нивната култура туку и од државниот идентитет. Тој додаде дека интеграциските предавања треба да бидат прилагодени на земјите на потекло.

Од 2015 во Германија се случува екплозија на порастот на барања за азил од земјите каде муслиманите се мнозинство и каде е вкоренет антисемитизмот.

И самата Германија се бори против сѐ поголемото ширење на антисемитските идеи, особено таму каде се заговараат идетите на неонацистичките групи и ектремната десница.

-Голем број емигранти се под влијание на режими во кои антисемитизмот е дел од самата држава, а на Евреите им е ускратено правото на постоење- кажа Лерер за Дојче веле.

 

-Кога тие луѓе повеќе нема да треба да размислуваат за наоѓање работа и место за живеење, нивните погледи на светот ќе имаат сѐ поголемо влијание- додаде тој.

Затоа Лерер се залага за предавања на кои емигрантите би учеле за основните вредности, како демократијата и правата на жените.

Тој ја критикуваше германската парија Алтернатива за Германија (АфД) која ја обвини дека создава платформи на кои антисемитизмот може јасно да се види.

АфД, меѓутоа, негираат какви било антисемитски ставови во партијата, а во октомври отворија и еврејска група во своите редови, што беше уште еден потег кој наиде на критика од германските Евреи.