Свет 01. април 2019. / 22:45

Германскиот владин авион избегна авионска несреќа

Германскиот владин авион избегна авионска несреќа

Министерот за надворешни работи на Германија , Хајко Маас, е најновата ,,жртва” на расипаниот владин авион.

Германскиот владин авион во последните неколку месеци се расипа повеќе пати , па дури и кога со него патуваше канцеларката Ангела Меркел. Таа не можеше есента да стигне на време на самитот во Аргентина, додека германскиот шеф на дипломатијата речиси во исто време беше заглавен во Африка , поради технички проблеми на авионот.

Вечерва шефот на германската дипломатија преживеа мал инцидент откако авионот имаше проблеми со гумите.

По четиримесечниот генерален ремонт, авионот вечерва имаше повторно проблеми при слетувањето во Њујорк.