Свет 13. април 2018. / 16:38

Германски војници извикувале слогани на Хитлер

Германски војници извикувале слогани на Хитлер

Германската војска води истраги за случаи на крајно десничарски инциденти меѓу своите припадници.

Бројот на случаи се зголемил за два пати. Внатрешната контрола на армијата моментално разгледува 431 случај, споредено со 275 лани.

Според комесарот на германскиот парламент за вооружени сили, Ханс-Петер Бартел, имало само 162 вакви случаи. Меѓу неговите случаи најголем дел се војници кои извикувале слогани на Хитлер или слушале крајно десничарска музика. Меѓутоа има и случај на војник кој за време на часовите по политичка едукација бегалците ги опишал како напаст која треба да се истреби.