Свет 14. јули 2020. / 15:39

Германски Рамбо разоружал четири полицајци и исчезнал во шума

Германски Рамбо разоружал четири полицајци и исчезнал во шума

Потрагата по Германецот Иво Рауш продолжува. За потсетување, германскиот Рамбо, како што го нарекоа медиумите, се крие во шума кај Опенау, и не само што е опремен со лак и стрела, туку и разоружал неколку полицајци.

Според локалните медиуми, Рауш во неделата разоружал 4 полицајци и оттогаш е во бегство. Повеќе од 100 припадници на безбедносните сили го бараат.

Во почетокот, тој соработуваше со нив, меѓутоа, извади пиштол од никаде. Го вперил кон полицаецот и малку ги изненадил. Полициските службеници немаа каде да одат, па го предадоа оружјето за да избегнат поголема катастрофа, се наведува.

По Рауш трагаат и кучиња, но областа е прилично голема и не е лесно да се најде. Се претпоставува дека добро го познава теренот. Граѓаните се повикуваат да не ги напуштаат своите домови.

Кучињата се уморни по два часа пребарување и, покрај тоа, лесно се вознемируваат од другите животни во шумата, рече портпаролот на полицијата.