Свет 11. јануари 2020. / 21:15

Германски фудбалер растргнат од ајкули

Германски фудбалер растргнат од ајкули

Австралиската полиција го пронашла беживотното тело на 21-годишниот германски фудбалер Ерик Биригити, кој бил на одмор во Австралија со пријателите и во текот на една прошетка покрај брегот, тој паднал во морето откако се лизнал.

Неговите пријатели се обиделе да го спасат, но не успеале во нивната намера, а телото на Ерик било пронајдено дополнително по што било потврдено дека го растргнале ајкули.

На местото на инцидентот веднаш биле повикани полицајци и спасувачки служби, но тие не можеле многу да помогнат.