Германската полиција соопшти дека отворила истрага за убиство против доктор од градот Есен за убиство на двајца тешко болни пациенти заразени со коронавирус, соопштија властите.
Лекарот (44), кој работел во Универзитетската болница во Есен од февруари, е осомничен за убиство на двајца мажи, на возраст од 47 и 50 години, кои биле на интензивна нега и биле заразени со коронавирус и имале потешка форма.
Тамошната полиција вели дека лекарот признал едно од убиствата, велејќи дека сакал да ги поштеди пациентот и неговите роднини од понатамошно страдање.
Билд известува дека лекарот ги информирал семејствата на пациентите пред да им даде смртоносна инјекција.
STAATSANWALTSCHAFT ESSEN SICHER – Oberarzt (44) spritzte Corona-Patienten tot https://t.co/3wGBLdqhes
— BILD (@BILD) November 20, 2020
Пациентите во Германија можат да побараат помош за ставање крај на сопствениот живот врз основа на пресудата донесена минатата година, но сè уште е нејасно дали тоа се случило во овој случај.
Болницата во Есен соопшти дека лекарот бил суспендиран и бил испрашуван од полицијата.