Свет 19. април 2020. / 22:30

Германски брачен пар го откажале одморот во Италија, но се откажале од капарот како солидарност

Германски брачен пар го откажале одморот во Италија, но се откажале од капарот како солидарност

Германска брачна двојка го откажале одморот во Италија што веќе го имале уплатено за во јуни, но одлучиле да не си го повлечат депозитот од 300 евра што го уплатиле иако имале право на поврат на парите.

Германците го објасниле таквиот потег како солидарност со Италија, која е силно погодена од корона-кризата.

Мислиме дека ќе имате финансиски проблеми поради пандемијата, ако туристите не дојдат. Поради тоа сакаме да се откажеме од веќе уплатените пари. Жал нѝ е што имате многу смртни случаи во Италија поради корона вирусот. Ви посакуваме добро здравје. Се срамиме затоа што Германија не сака да ви помогне со еврообврзниците и се надеваме дека нашите политичари наскоро ќе го променат мислењето – напишале Германвите во писмото кое го објавил хотелиерот од југот на Сардинија.

Како што брачниот пар наведува понатаму во писмото, тие се постари луѓе и за нив вакво патување ова лето би било ризично.

Го видовме вашиот хотел на интернет и ни се допадна. Се надеваме дека ќе го видиме следната година, ако тоа е биде возможно – стои на крајот од писмото.