Свет 13. јули 2019. / 09:06

Германски „Билд“ навреден: Намерно криете од што боледува Меркел

Германски „Билд“ навреден: Намерно криете од што боледува Меркел

Најчитаниот германски весник „Билд“, ја обвини владејачката Христијанско-демократска унија на канцеларката Ангела Меркел за 2цензура3 по повод необјаснетото треперење кое од пред еден месец го има канцеларката.

„Билд“ на својот сајт навел дека се чувствува навредено затоа што партијата се однесува како Ангела Меркел никогаш да немала напад на треперење.

И додека германските и странските медиуми се распрашуваат за здравјето на канцеларката, „Билд3 пишува дека тоа е 2табу тема“ за владејачката странка.

Меркел, своето чудно треперење го препишува на психосоматска реакција, дехидрација и жештини во Берлин.