Свет 11. јануари 2021. / 19:55

Германската влада вложува 200 милиони евра за нови ковид лаборатории

Германската влада вложува 200 милиони евра за нови ковид лаборатории

Германија планира да отвори лаборатории во кои генетски ќе се истражуваат примероци од Ковид-19, за да се утврди дали се поклопуваат со новиот, позаразен вид коронавирус, што се шири во Велика Британија и во Јужна Африка.

Германската Владата ќе обезбеди 200 милиони евра за таквите лаборатории.

Многу е важно во краток рој да утврдиме кои мутации носат одредени ризици. Мораме веднаш да ги забележиме видовите што лесно се пренесуваат. Новите видови на Ковид-19 можат да ја направат болеста поопасна и коронавирусот да стане поотпоренн на вакцината.

Германија досега беше помалку активна во испитувањето на генетското секвенцирање во однос на Велика Британија, Данска и Финска.