Германската Влада останува на препораката за задржување на општите мерки како што се физичка оддалеченост и ограничување на социјалните контакти по 5 јуни, објави весникот „Билд“.
Според онлајн изданието на весникот, одлуката била сооптена на состанок на претставниците на сојузните и федералните единици за продолжување на општите мерки за борба против ширењето на корона вирусот, кои се во сила од средината на март.
Според „Билд“, на препораките за пролонгирање на мерките се спротивставила сојузната држава Тириншка, чиј премиер Бодо Рамелов предизвика критики од другите сојузни провинции поради својата најава за укинување на општите мерки за борба против ширењето на корона вирусот.
Рамелов најави дека ќе и предложи на својата Влада план наречен „Концепт на препораки и локална борба против Ковид-19“ што предвидува „регионализација“ на борбата против ширење на заразата.