Свет 19. декември 2018. / 20:48

Германската влада конечно го одобри законот кој го чекаат македонските работници

Германската влада конечно го одобри законот кој го чекаат македонските работници

Германската влада денеска го усвои долгоочекуваниот закон за миграции, со кој се олеснува вработувањето на квалификувани работници од сите краеви на светот, пишува БизнисИнфо.

Според германските медиуми, ако законот го прифати и парламентот, во сила ќе стапи во 2020 година.

И понатаму е неизвесно дали конзервативното крило на ЦДУ ќе ги прифати законските измени.

-Ова е добар ден за модерна Германија – рече министерот за труд Хубертус Хеил, додека министерот за економија Петер Алтмаиер рече дека ова е историски ден.

Со новиот закон се укинуваат неколку бирократски преперки за мигрантите кои бараат работа во Германија, а посебно ќе се олесни доселувањето и запослувањето на работници од државите надвор од ЕУ.