Германија постави нов шеф на разузнавачката служба БФВ која во последниве години се соочи се разни скандали.
Томас Халденванг, кој моментално е потпретседател на службата, беше назначен за претседател на разузнавачката агенција, соопшти министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер на конференција во Берлин.
Претходникот на Халденванг, Ханс-Георг Масен беше отпуштен минатата недела откако упати неколку контроверзни коментари кон канцеларката Ангела Меркел и нејзината владејачка коалиција, како и неговите наводни контакти со високи функционери од екстремната десничарска партија АФД.
Социјал-демократите остро го критикуваа Масен за кој тврдеја дека не сфаќа колку сериозни се десничарските екстремистички групи и заканите кои доаѓаат од нив.