Свет 20. август 2019. / 21:56

Германската полиција затвори интернет страница со упатства за изработка на бомби

Германската полиција затвори интернет страница со упатства за изработка на бомби

Германската полиција денеска соопшти дека во соработка со полицијата на Литванија и на Хрватска затвориле интернет-страницата, која содржела упатства за изработка на бомби.

Полицијата од Гетинген соопшти дека 1.000 полицајци биле вклучени во претресите во трите земји и дека 22 лица се осомничени дека имаат врски со „xplosives.net“.

Властите го заплениле серверот на страницата и бројните уреди за чување податоци.

На интернет-страницата имало и информации за тоа како да се направи оружје и експлозиви, покрај упатствата за правење бомби.

За време на претресот, запленета е одредена количина експлозив и дрога.