Германската полиција уапси руски државјанин, осомничен за шверц на 12 милиони цигари во земјата во изминатите две години.
Сојузната полиција соопшти дека осомничениот бил уапсен во Кил во вторникот, за време на редовната проверка, објави АП.
Тој е осомничен за шверц на цигари како член на банда, поради што германските даночни власти изгубиле 1,67 милиони евра.