Свет 31. јули 2020. / 09:27

Германска студија: Секој втор пациент приклучен на респиратор ја губи битката со вирусот

Германска студија: Секој втор пациент приклучен на респиратор ја губи битката со вирусот

Една германска студија покажува дека секој втор пациент заболен со корона вирусот ставен на респиратор ја губи битката со болеста.

Студијата, која е објавена во весникот „The Lancet Respiratory Medicine“, го следела морталитетот на Ковид пациентите. Таа студија дошла до заклучок дека една петтина од вкупниот број лица, кои се хоспитализирани, умираат од последици од корона вирусот.

Кај лицата кои се приклучени на респиратор смртноста била поголема за 52 отсто, покажува анализата на научниот институт „АОК“ на германското интердисиплинарно здружение за интензивна и ургентна медицина, како и Техничкиот универзитет во Берлин.

Од друга страна, само 16 отсто од хоспитализираните Ковид пациенти, кои не биле на респиратор, починале.

Високата стапка на смртност јасно покажува дека на клиниката се наоѓаат голем број на пациенти со тешки облици на заболување. Тешките облици на болести се однесуваат пред се на старите и лицата со претходно нарушено здравје – нагласува Јирген Клаубер.

Студијата опфатила пациенти кои меѓу 26 февуари и 19 април биле хоспитализирани.