Германската компанија „Киаген“, која произведува опрема за молекуларна дијагностика, едвај успева да одговори на побарувачката за опрема за тестирање на корона вирусот.
Портпарол на компанијата, Томас Турингер, вели дека производството неодамна се зголемило за 70 проценти, по што месечно се произведуваат околу 1,5 милиони тестови за вирусот Ковид-19, а до крајот на годината се најавува производство на 20 милиони тестови месечно, пренесува Дојче веле.
– Ова е глобален предизвик и ситуацијата варира од земја до земја. Разликите посебно се гледаат во тоа колку брзо државите го препознале вирусот и дали тие дејствувале брзо или не – вели Турингер.
Резултатите на компанијата „Киаген“ предизвикаа интерес и кај други компании. Американскиот производител на лабораториска опрема „Термо Фишер“ е подготвен да го купи „Киаген“ за околу 10 милијарди евра.