Свет 24. април 2018. / 21:53

Германска држава нареди да се постави христијански крст на сите владини објекти

Германска држава нареди да се постави христијански крст на сите владини објекти

Германската сојузна држава Баварија нареди христијанскиот крст да биде поставен на влезот на сите владини објекти.

Бавариската конзервативна влада рече дека крстовите не требало да се гледаат како религиски симболи, туку тоа значело рефлексија на јужната германска држава, односно тоа било културен идентитет и Христијанско-западно влијание.

Во доминантно католичката Баварија, во јавните училишта и во судниците веќе се поставени крстови, пренесува Индепендент.

Според германската новинска агенција ДПА, обврската не се однесува на општинските и федералните објекти.

Баварија е една од побогатите држави во Германија и успеа да го менаџира приливот на мигранти подобро од другите области.