Свет 19. јануари 2021. / 21:46

Германија воведува уште построги мерки поради епидемијата на корона

Германија воведува уште построги мерки поради епидемијата на корона

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари, и покрај падот на бројот на лица заразени со вирусот корона.

Канцеларката Ангела Меркел и лидерите на 16 германски држави се согласија да го продолжат заклучувањето на земјата во вторник, со нови правила кои исто така го обврзуваат носењето медицински маски во продавниците и во јавниот превоз, пренесува „Гардијан“.

На средбата преку Интернет, германските лидери се согласија да продолжат со сегашните ограничувања воведени во ноември, кога беа затворени рестораните и терените за спорт и рекреација, односно училиштата и продавниците, освен неопходните, еден месец подоцна.

Меркел и водачите на провинциите се согласија да воведат, покрај постојните, мерки за задолжително носење висококвалитетни медицински заштитни маски во продавниците и во јавниот превоз. Ова вклучува таканаречени хируршки маски и маски попознати по ознаките FFP2 и N95. Според новите правила, на граѓаните ќе им биде забрането да носат маски од ткаенина или шалови како замена за маски во јавниот превоз, пренесуваат германските медиуми.

На состанокот беше побарано намалување на контактите во јавниот превоз, но без целосно запирање на сообраќајот на градските автобуси и метроата. Компаниите за јавен превоз ќе вметнат дополнителни вагони или автобуси за време на сообраќајниот шпиц, а компаниите ќе продолжат да се охрабруваат да ги пуштаат вработените да работат од дома.