Свет 07. декември 2020. / 12:44

Германија: Вакцинацијата ќе започне во првите денови од 2021 година

Германија: Вакцинацијата ќе започне во првите денови од 2021 година

Шефот на кабинет на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун, изјави дека очекува вакцинацијата против Ковид-19 да започне во првите денови од новата година.

Браун, кој е лекар, истакна дека е подготвен да помогне во вакцинацијата за време на викендите.

Се очекува Европска Унија до 29 декември да донесе одлука за одобрување на првата вакцина за употреба. Исто така се подготвуваат и посебни центри за вакцинација.

Браун истакна дека канцеларката Меркел ќе се вакцинира „кога ќе дојде на ред”.

Германскиот Центар за контрола на болестите денеска соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 12.332 новозаболени лица и 147 смртни случаи.